СОТА програмата во Македонија ја промовираше Владо - Z35M и до пред некој ден беше водечки и во активирање на македонските планински врвови и како ловец на СОТА експедиции. Од пред некој ден најмногу поени во оваа програма од Македонија има Z35F - Благој Љатев од Гевгелија. Благој стана вистински заљубеник во оваа дисциплина и секојдневно ги лови радиоаматерите кои активираат планински врвови низ светот. Тој за само неколку месеци успеа да освои 1806 поени со одработени 375 активатори и да се пробие на прво место, на второ место е  Z35M - Владo со освоени 1740 поени и 395 активатори. Во категоријата активатори Z35M е без конкуренција со 51 активирање на планински врвови во државата.