Радиоаматерскиот клуб Никола Тесла од Штип во континуитет се натпреварува во најпознатите светски натпревари. Во најпопуларното натпреварување во RTTY кое се одржа минатата година а конечните резултати организаторите на натпреварот ги објавија пред некој ден, штипјани го освоија одличното 4-то место во светот и 2-ро во Европа. Овој успех го постигнаа работејки од нивната натпреварувачка локација која се наоѓа на аеродромот Сушево каде што инсталираа посебни антенски системи за одржување на радио врски. Тимот натпреварувачи овој пат беше составен само од штипјани: Z31MM - Момо, Z32RY - Кико, Z36N - Тоне, Z36W - Венцо, Дуле и Роберто. Во последните десетина години радиоаматерите од Штип во дисциплината RTTY се меѓу најуспешните во светот.