Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и  Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.

За време на натпреварот EU PSK беа одржани 467 врски, но за несреќа дневникот не беше примен од организаторот и по неколку разменети пораки известени се дека постигнатиот резултат е најдобар на светот но дневникот не е пристигнат на време.

Во вториот натпревар во кој учествуваше Зоран (Z33F) поставен е нов светски рекорд во категоријата 3.5 MHz - мала јачина на предавател.

За шест дена се одработени околу 4700 врски на сите фреквенции и начини на работа а опремата која беше користена се состоеше од јапонски уред - марка Kenwood, модел TS-440 додека антените беа G5RV и дипол за 3.5 MHz.

По двонеделниот и успешен престој нашите два претставника станаа и членови на тунискиот радио клуб.

QSL картите за одржаните врски се отпечатени и ги дистрибуира менаџерот од Италија IZ8FWN.