- 1963 Радиоаматерските комуникации и во најтешки услови неможат да бидат целосно прекинати. Тоа главно се должи на големата дисперзираност на радиоаматерските станици, нивната системска независност во функционирањето, големата флексибилност за функционирање во импровизирани услови, и секако секогаш присутната спремност на радиоаматерите да помогнат на својата заедница во најтешките моменти.

Досега повеќе пати се докажало дека кога останатите комуникациски системи откажуваат, радиоаматерските комуникации и натаму се во функција и неретко се единствен начин за врска со надворешниот свет.

Радиоаматерите биле првите кои што во светот ја пренеле веста за катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, со што овозможиле што поскоро да пристигне неопходната помош.

Во периодот на воени конфликти во регионот, радиоаматерите преку одржување радиоврски помогнаа многу раселени семејства да се информираат за своите најблиски.