Во 2001 год. радиоаматерот Владимир Ковачески – Z35M одлучи да реализира личен QSO - Маратон со цел да одржи што е можно повеќе радиоврски во текот на една каландарска година од својата лична радиостаница лоцирана во Струга.
Крајниот резултат беше  одржани вкупно 43.300 радиоврски со што неформално постави Европски Рекорд, кој воедно е трет најдобар резултат на сите времиња во Свет.
Користена е кусобранова радиоопрема со максимална излезна моќност од 400 W, а антенскиот систем се состоеше од 2 ел. QUAD  и 3 ел. YAGI за 20/15/10 м,  дипол за 80 м, како и  GAP мултибанд вертикална антена за  останатите фреквентни опсези.