На 26.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше  кусо активирање од Скопско Кале.
За период од околу еден час остварени се вкупно 51 радиоврски на кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.