Во рамките на традиционалното планинарско искачување на највисокиот врв во нашата земја, Голем Кораб – 2764 м, членот на РСМ Владо Z35M, на 06.09 2009 год. по прв пат од оваа локација се огласи на радиоаматерските опсези. За период од околу еден час на 40м и 20м опсези воспоставени се вкупно 38 радиоврски со странски радиоаматери од Германија, Холандија, Швајцарија, Данска, Словенија, Полска, Белгија, Велика Британија, Ирска, Романија и најдалечната со Јапонија.
Користена е преносна радиоаматерска опрема: радио уред Alinco DX-70T (50 W), батерија за напојување од 12 V, 7 Ah, дипол антена во Inv – Vee конфигурација подигната со 5 м рибарски стап.