2707312931_99f5be92fbВо 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и  Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.

Повеќе...

SOTA – Summits On The Air е меѓународна радиоаматерска програма која промовира портабл активности од планински врвови.

SOTA започна во 2002 година во Велика Британија и сега оваа програма е целосно оперативна во многу земји низ светот. Македонија активно се вклучи на 1. мај 2009 година.

Повеќе...

За една година од приклучувањето на Македонија во меѓународниот радиоаматерски програм „Планински Врвови Во Етерот“ (SOTA)  реализирани се вкупно 50 активирања на 11 врвови, со вкупно одржани 3250 радиоврски, скоро сите на КБ. 

Повеќе...

 

15-GODI[EN JUBILEJ NA MAKEDONSKA TELEGRAFSKA GRUPA – MCWG

(1994 – 2009)

 

Po povod 15-godi{niot jubilej, ~lenovite od Makedonija na radioamaterskata Makedonska Telegrafska Grupa - MCWG, vo 2009 godina na radioamaterskite frekventni opsezi bea aktivni pod specijalniot povikuva~ki znak Z30MCWG.

.

Makedonskata Telegrafska Grupa - MCWG osnovana e na 14.01 1994 god. od strana na grupa radioamateri od Republika Makedonija so cel za promovirawe i razvoj na vrvnoto radiotelegrafsko operatorstvo vo zemjata.

 

Zaklu~no so 2009 god. vo Makedonskata Telegrafska Grupa - MCWG se imaat za~leneto 96 radioamateri od  4 kontinenti.

Првиот Светски рекорд за македонски радиооператор е поставен во 2002 во CQ WPX CW 80m HP. Штипјанецот Зоран Милев натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада во еден од најпознатите радиоамaтерски натпревари во организација на американското списание  CQ Magazine успеа да постигне извонреден резултат. И покрај тоа што поминаа 8 години овој резултат е сеуште рекорд на Азија.

Редоследот на првите 3 натпреварувачи во светот:
  1. TA0/Z33F        1,452,552
  2. RV2FW             760,886
  3. Z39Z (Z32AF)      630,360