Во рамките на традиционалното планинарско искачување на највисокиот врв во нашата земја, Голем Кораб – 2764 м, членот на РСМ Владо Z35M, на 06.09 2009 год. по прв пат од оваа локација се огласи на радиоаматерските опсези. За период од околу еден час на 40м и 20м опсези воспоставени се вкупно 38 радиоврски со странски радиоаматери од Германија, Холандија, Швајцарија, Данска, Словенија, Полска, Белгија, Велика Британија, Ирска, Романија и најдалечната со Јапонија.
Користена е преносна радиоаматерска опрема: радио уред Alinco DX-70T (50 W), батерија за напојување од 12 V, 7 Ah, дипол антена во Inv – Vee конфигурација подигната со 5 м рибарски стап.
Денеска во општина Штип градоначалникот Панде Сарев додели признанија на најдобрите спортисти. За прв пат е доделено и признание на радио аматер за врвно достигнување во светски натпревар. Зоран Милев го доби ова признание за поставување на нов светски рекорд во натпревар кој се одржува преку радио бранови. За да го постигне овој голем успех тој за земја од каде ќе се натпреварува ја избра Тунис. Ова е втор светски рекорд на Зоран во истиот натпревар, првиот беше поставен во 2002 година натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада. Дека во Штип радио аматерските натпревари се сметаат како спортска дисциплина е и признанието што му го додели и сојузот на спортови од истоимениот град.
 

Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM  во 2009 година  ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz)  со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister  -  W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.

Повеќе...

На 06.09 2009 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо – Z35M реализира  кусо активирање од Националниот Парк Маврово.
Активирањето беше реализирано од нашиот највисок планински врв Голем Кораб – 2764 м. За период од околу еден час остварени се вкупно 38 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 50 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

 

WMA (World Mountain Award) во рамките на WFF (World Flora and Fauna) е нова радиоаматерска програма за активирање од планини (ова е значително полесно од SOTA каде што активирањето мора да се изведе од самиот врв со носење на целокупната опрема од самиот оператор).

На светската листа планини ставена е и Македонија (едноставно ги препишале податоците од СОТА елаборатот за врвовите / планините повисоки од 1000 м  и им дале соодветни референтни броеви пр. Z3M 01 - 01 Руен - Осогово, Z3M 02 -01 Голем Кораб, i taka do Z3M - 02 -51 Крстовар – Водно).

За разлика од СОТА каде што има строги правила за употреба на батериско, соларно и друго еколошко напојување, во WMA може да се работи и од фиксна локација приклучена на електрична мрежа, од возило и сл. Правилата на WMA сеуште не се преведени од руски јазик. (менаџери се UA3LAFи LZ1ZF)