Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите.
Вакви натпревари се одржуваат секој викенд.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
По неколкугодишна пауза, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во 2009 година настапи со екипа од повеќе искусни радиооператори кои што од неколку локации во Република Македонија се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.

Учесниците за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone -  фонија (употреба на говор)

Покрај постојните антенски инсталации беа поставени и други антени, главно со насочено дејство. Опремата што се користеше е од радио клубовите, како и од радиоаматери поединци.
Досега македонските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата и поставувале континентални и светски рекорди.

На 22.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M, реализира кусо активирање од Национален Парк Галичица.
За период од два часа остварени се вкупно 102 радиоврски на  кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
На 24.05 2010 година во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо – Z35M реализира  кусо активирање од с. Галичник,  Национален Парк Маврово.
За период од околу еден час остварени се вкупно 67 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 30 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Првата DX- експедиција на македонски радиоаматер во Албанија беше реализирана во мај 1994 година од страна на Владо, Z32KV (Z35M). За период од неколку дена од домашните локации на Mајк, ZA1MH и Гени, ZA1B, со користење на повикувачкиот знак ZA/Z32KV одржани се вкупно 1300 радиоврски.  

Повеќе...

Десетина дена пред крајот на месец Април во Скопје се сретнав на кафе разговор и да им ги доставам QSL картите од Z3 QSL бирото, со Звонко Z35W и Владо Z35M. И во разговор со Z35M ми предложи да пробам да се појавам од некој врв во мојата околина за време на SOTA меѓународниот викенд.

Неколку дена претходно гледав по VHF календарите па веднаш споив комбинација на SOTA и VHF активност. 

 

Комплетната репортажа за експедицијата на Кожув планина и активирањето на WM-030 (Две Уши) и WM-052 (Зелен Брег) може да ја прочитате или снимите од пдф документите подолу: