Тодор Џартов, 1946 – 1955
Богољуб Теофиловски, 1955 – 1964
Перо Ивановски – Z31DA , 1964 – 1979
Живко Котевски, 1979 – 1981
Благоја Буневски – Z31GA, 1981 – 1982
Алфред Видиц – Z31A, 1982 – 1984
Илија Поп-Стефанија, 1984 – 1986
Трајко Ѓорчевски – Z35A, 1986 – 1988
Лазар Стојановски – Z32SL, 1988 – 1991
Петре Стефановски – Z31GM, 1991 – 1993
Венцо Стојчев – Z36W, 1993 – 1994
Томе Димишковски – Z32RA, 1994 – 1998
Трајко Ѓорчевски – Z35A, 1998 - 2004
Боро Стојковски – Z32DB, 2004 – 2008
Звонко Стаменков – Z35W, 2008 - 2016
Миле Кокотов - Z33T, 2016 -

Првата примо-предавателна секција во Македонија е формирана во 1951 година во Радио Клубот “Вардар“ од Скопје – YU5APQ.
Основачи се група ентузијасти: Стево Спировски, Божидар Станковиќ, Тихомир Ѓурчевски, Димче Цвтековски, Стојмир Павловски, Александар Стефановски,  Перо Ивановски, и др.
Со помош на членовите на овој радио клуб се формираат радио клубови во други градови во Македонија, и тоа во Струмица, Велес, Куманово, Битола, Прилеп и др. 

Првиот Билтен на РСМ е издаден во октомври 1957 година. Во него е објавено обраќање до членството на претседателот на РСМ Богољуб Теофиловски, како и содржини од активноста на радио клубовите. Во редакцискиот одбор се Перо Ивановски - Z31DA, Никола Сотировски и Иван Катиќ. Уредник е Ристо Марковски.

 

Во вториот Билтен издаден во март 1958 година даден е преглед на активностите на клубските примопредавателни секции и на радиоаматерите кои работат од свои лични радиостаници.

 

Во август 1996 година почна да излегува месечен билтен „АРО" кој главно е наменет за КБ и УКБ радиооператорите. Во него се опфатени теми за радиооператорите од сите класи, вклучително и за најмладите. Во првиот уредувачки состав се Владимир Ковачески -  Z35M и Добрица Петковиќ - Z31B, а потоа уредувањето го превзема Звонко Стаменков - Z35W.

 

Членови на РСМ даваат свој придонес со соработка и објавување прилози во списанијата: „Радиоаматер" од Белград, „Емитер" од Скопје, "CQ Amateur Radio" и "The DX Magazine" од САД, "The DX Magazine - 59" од Јапонија,  и др. 

Монографија од авоторот Перо Ивановски - Z31DA, издадена во 1996 година по повод 50 годишниот јубилеј на РСМ (1946-1996). Авторот на 133 страници во 3 поглавја со вкупно 19 наслови прави историски преглед на почетоците, развојот, активностите, предизвиците и достигнувањата на РСМ во 50 годишниот период на постоење.

Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија остварена е во првите минути на 8-ми септември 1991 год. на 40 м опсег помеѓу Владо, YU5KV (Z35M) и британецот Верн, G3IUS.