Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WMA – World Mountain Award, радиоаматерот Владо - Z35M реализираше куси активирања од планините Водно, Китка, Бистра, Галичица, Баба, Јабланица, Жеден, и др. 

Користена е радиоопрема за кусобрановото фреквентно подрачје со  максимална излезна моќност од 5 W до 50 W, напојувана од 12 V  SLAB батерија, и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

На 26.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше  кусо активирање од Скопско Кале.
За период од околу еден час остварени се вкупно 51 радиоврски на кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Во периодот од 3 – 10 јули Драган K0AP (Z32XX) и Владо N3CZ (Z35C) ке бидат активни од Fripp Isl. (NA – 110). Планирана е активност од 80 - 6м CW/SSB (рекреативно) а веројатно ке се активираат и на RTTY/PSK.

Непал – 9N: Во 1989 год. Слободан – YU5CP (Z31C) е во состав на Македонската Хималајска Експедиција задолжен за радиоврските.

Сенегал – 6W: Хране – YU5AD (Z32A) и Драган - YU5AU (Z32AU) се активни во 1991 год.

Албанија – ZA: Владо – Z32KV (Z35M) е активен во 1994 и 1995 како и од 2002 до 2007 год.,  додека Венцо – Z36W и Крсте – Z35X беа активни во 2003 год.

Јужна Африка – ZS: подолг период е активен Владо, Z31FU (Z35C) од каде реализира DX-педиции во соседните земји Намибија – V5 Мозамбик – C9 и Замбија – 9J.

Повеќе...

На 15.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M, реализира кусо активирање од нашиот најстар Национален Парк Пелистер.
За период од неколку часа остварени се вкупно 235 радиоврски на  кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.