На 14 септември, сабота, во манастирот Св. Спас во близина на Крушево, се одржа “Радиоаматерски собир 2019“, во организација на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Собирот го отвори претседателот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, м-р Миле Кокотов, а на него присуствуваа радиоаматери од повеќе радиоклубови во Македонија. Имаше присутни од Крушево, Прилеп, Битола, Скопје, Кавадарци, Штип и Гевгелија. Амбиентот беше прекрасен, имајќи предвид дека манастирот Св.Спас е сместен во живописна природна околина, богата со шуми и ливади.
Септемвриските временски услови исто така беа идеални за дружење и размена на искуства од областа на радиотехниката и електрониката, на чист воздух, далеку од загадените градски средини.средини.
На натпреварот во аматерска радиогониометрија се постигнаа следниве резултати:
• Во категорија девојчиња од 10 до 12 години, првото место го освои Софија Хасану од Крушево.
• Во категорија девојчиња од 12 до 14 години, првото место го освои Андреа Микулек од Прилеп.
• Во категорија девојчиња од 16 до 18 години, првото место го освои Јована Станковска од Скопје, а второто место и припадна на Христина Микулек од Прилеп.
• Во категорија девојки од 18 до 20 години, првото место го освои Емилија Хасану од Крушево.
• Во категорија момчиња од 10 до 12 години, првото место го освои Славчо Халев од Прилеп.
• Во категорија момчиња од 12 до 14 години, првото место го освои Филип Донев од Штип, а на второ место се пласира Иван Сојилков од Штип.
• Во категорија момчиња од 14 до 15 години, првото место го освои Давид Станковски од Скопје, второто место му припадна Дарко Ѓорѓиевски од Штип, а третото место беше за Иван Зафиров од Штип.
• Во категорија момчиња од 15 до 16 години, првото место го освои Бобан Герасимовски од Штип.
• Во категоријата ветерани над 50 години, првото место го освои Сократи Хасану од Крушево.
