Радиоаматерски Сојуз на Македонија

РСМ - Радиоаматерскиот сојуз на Македонија е непрофитно здружение на граѓани основанo во 1946 год. кое во континиутет е активно до денешен ден.  Во него членуваат радиоаматерски клубови и индивидуални членови.
РСМ е член на Народна техника на Македонија, како и на ИАРУ –Интернационална радиоаматерска унија.
  
Делокруг на активности на РСМ: популаризација на техничката култура од областа на радиоаматерството, поттикнување, развој и зацврстување на интересот кај децата и возрасните за занимавање со електроника, радиокомуникации, техничко образување и оспособување на членовите за практична примена на електрониката во радиокомуникациите, поттикнување, развој и примена на иновации во областа на електрониката, радиотехниката и телекомуникациите, организирање, координирање и реализација на активности од интерес на радиоаматерите во Република Македонија, организирање и спроведување стручна обука за радиоаматерските специјалности, остварување соработка со домашни државни органи како и со невладиниот сектор, застапување во ИАРУ – Интернационалната радиоаматерска унија, соработка со странски организации на радиоаматери, и други надлежности согласно Статутот.

Седиштето на РСМ се наоѓа во Скопје на адреса: Градски sид, Блок 5.
Поштенска адреса: Радиоаматерски сојуз на Македонија, П.Фах 14, Скопје 1000, Македонија

Во прилог е уплатницата за плаќање членарина кон РСМ.

rsm-clenarina.upl-pp-10

Почитувани во прилог се објавени предлог измените на Статутот кои ги изработи работната група по барање на ИО на РСМ. Ве молиме сите ваши забелешки и предлози доставувајте ги во писмена форма на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Предлог Статут

Правилник за дисциплинска одговорност

Предлог кодекс за однесување на членовите на РСМ

Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за начинот на полагање на радиоаматерски испит, радиоаматерски класи, технички параметри и други услови за употреба на радиоаматерски станици и опрема е достапен на следниот линк
Правилникот за предлог повикувачки знаци е достапен на следниот линк