WPX RTTY е втор по популарност и масовност натпревар во дигитални технологии и дефинитивно им лежи на нашите натпреварувачи. Оваа година во МУЛТИ 2 категорија македонци има на првите 2 места во светот. За да се најде на топ листата Златко Андонов - Z30A патуваше 25 часови до познатата натпреварувачка локација на Ранко Боца - 4O3A во Црна Гора, додека штипјани традиционално ја искористија нивната одлична локација на аеродромот Сушево во близина на Штип. Интересно е дека постоечкиот европски рекорд кој беше во сопственост на штипјани и двете првопласирани екипи во оваа тешка и технички многу захтевна категорија го соборија (внимавајте) - штипјани за 31 % додека екс ју тимот во Црна Гора за дури 57 %. За оние што се заинтересирани можат да го видат деталниот преглед на резултатите во пдф фајлот.
Германската радиоаматерска асоцијација, која лани во ноември беше домаќин на Отвореното европско првенство во одржување врски со телепринтер, вчера и официјално соопшти дека Радиоклубот "Никола Тесла" од Штип е прв во Европа. Во категоријата "повеќе оператори еден предавател" македонскиот претставник со изработени 1072 врски за 48 часа и со вкупен резултат од 2.810.752 поени е најдобар во Европа што претставува втор резултат на сите времиња и истиот е само за 3000 поени помал од светскиот рекорд.
Македонската екипа во состав: Момчило Милошев, Игор Дериволов, Озрен Спасков , Зоранчо Крстов, Венцо Стојчев и Роберто Арсов, беше неприкосновена во конкуренција на 1400 екипи од стариот континент. Зад Македонија останаа екипи со многу пософистицирана опрема, како што се екипите од Грција, Чешка, Украина, Франција , Велика Британија, Германија, Италија.
Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).
Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.
Македонскиот радиоаматер Владимир Карамитров - (Z35C, N3CZ итн.) ја посети Намибија специјално за најпопуларниот радиоаматерски натпревар CQ WW SSB во 2004 година. По овој повод од ресорното министерството доби специјален повикувачки знак V55V. Според правилата на овој натпревар се работи 48 часа во кои Владо успеа да одржи 3438 радио врски со 140 земји од светот и постигна резултат поголем од 5 милиони поени. Овој рекорд е се уште е важечки за зоната 38 во која се наоѓаат повеќе земји од Африка.
Македонската Телеграфска Група - MCWG основана е на 14.01.1994 год.
На 5-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Белорусија 2003 год. Тања Аждерска освои 3-то место во севкупен пласман а второ во категориите РУФЗ и ПЕД.
Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија остварена е во првите минути на 8-ми септември 1991 год. на 40 м опсег помеѓу Владо, YU5KV (Z35M) и британецот Верн, G3IUS.
1999 та година на третото светско првенство во ХСТ што се одржа во Италија, Младен Марковски освои бронзени медаливо дисциплините ПЕД и РУФЗ.
На 4-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Романија 2001 год. Спасо Марковски освои златни медали во категориите РУФЗ и ПЕД.
Од 1994-та година Македонската Телеграфска Група - MCWG е членка на Европската CW асоцијација - EUCW.
На 4-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Романија 2001 год. Тања Аждерска освои златни медали во категориите РУФЗ и ПЕД.
Заклучно со јануари 2009-та во Македонската Телеграфска Група - MCWG се имат зачленето 96 оператори.