Радиоаматерски Сојуз на Македонија

CQ WW WPX CW 2002 - Z39Z

Според договорот што го направивме пред натпреварот јас повторно ке работам на специјалниот клубски знак Z39Z а останатите на личните повикувачки знаци но на други фреквенциски подрачја.

Конечно дојде 00:00 по гринич и натпреварот започна. Од самиот старт pile up, првите 10 минути имам точно 30 врски во дневникот а првиот час го финиширам со одработени 93 - одлично само вака да потрае. И во следниот час оди добро и го завршувам со 171 врска а во 04:03 ја одржувам последната врска пред паузата која трае до вечерта со OM4TC на кој му давам реден број 270.

Преку денот го прегледав дневникот и констатирав дека добро се носам со конкурентите за место меѓу првите 10 во светот.

Повторно се активирав во 18:55 кога одржав врска со RK9AY и пак повторно pile up не како на почетокот на натпреварот но не можам да се пожалам. До крајот на вечерта (25 Мај) логирам 532 врски а последен во дневникот е познатиот фински натпреварувач OH1XX кој не се z32af-bogdanci натпреваруваше озбилно овој пат и ми даде реден број 253. Прв контакт во новиот ден ми е DM3PKK но веќе ја нема гужвата која што беше до пред некој час, нови врски се поретко логирам но и на оние кои што ми се конкуренција не им оди подобро. Добро се изнамачив да стигнам до реден број 600 кога го одработив американскиот натпреварувач - WC4E кој воедно ми е нов множител. Сабајлето завршив во 03:54 а последната врска под реден број 616 ја одработив со OM7AG. Штом сонцето изгрее во овој период од годината веќе нема што да се бара на овој опсег и нема што да се работи се додека не зајде па следеше нова пауза до финалните неколку часа од овој натпревар кој се уште важи за број 2 во светот.

Во 17:02 по гринич повторно вклучување на станица и пак во лудницата од сигнали измешани со атмосферски пречки кои се сосема нормални за овој дел од годината. Натпреварот го завршив со одржани 774 врски и последен во дневникот се најде SP7HOR, интересно е дека последниот час одржав само 17 врски но повеќето беа множители меѓу кои: OY1CT, TU2MA, 7X0DX, ZC4DW итн.

Објавените резултати од натпреварот беа и повеќе од задоволувачки, во категоријата во која учествував го освоив 3-то место во светот и 2-ро во Европа (нов Македонски Рекорд), додека првото со нов светски рекорд го освои Зоран – TA0/Z33F натпреварувајки се од Турскиот остров Bosczada, кој се наоѓа во Азија.

3.5 MХз - Топ 5 Резултати

1. TA0/Z33F 1,452,552 
2. RV2FW 760,886 
3. Z39Z (Z32AF) 630,360
4. YU1KX 402,435 
5. OK1RR 395,632