На 23.04.2017 со почеток во 09:30 во просториите на РК. Искра Кавадарци ќе се одржи HST натпревар. Натпреварот ќе се спроведе само со практичните дисциплини RUFZ и Morse Runner, согласно правилникот на IARU R1 за нивно одржување. Резултатите постигнати на овој натпревар ќе бидат вреднувани за формирање на репрезентација за учество на претстојниот Куп на Европа, резултатите постигнати на Куп на Европа и Балканско HST првенство, заедно со резултатите од овој натпревар, ќе бидат вреднувани за учество во HST репрезентацијата на Светското првенство во септември. Во рамките на овој настан ги поканувам и сите оние кои некогаш се занимавале со HST, како и сите заинтересирани кои би сакале да се запознаат со оваа дисциплина.

Повеќе на следниот линк

Менаџер за HST
Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев / Z33RW

Почитувани во прилог се објавени предлог измените на Статутот кои ги изработи работната група по барање на ИО на РСМ. Ве молиме сите ваши забелешки и предлози доставувајте ги во писмена форма на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Предлог Статут

Правилник за дисциплинска одговорност

Предлог кодекс за однесување на членовите на РСМ

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во периодот од 31.05 - 04.06.2017 ќе биде домаќин на две првенство во дисциплината HST: 5-то Балканско првенство и 10-иот „Куп на Европа.
Комплетната документација може да ја погледнете на следниот линк

kantronics_35После неколку неделно тестирање, пуштен е во употреба APRS Digipiter кој работи на европската фреквенција наменета за APRS 144.800MHz. Во моментов се пуштени два дигипитери на територијата на Скопје кои се поврзани преку интернет со глобалната APRS мрежа преку WIDE1-1 и WIDE2-1 со брзина од 1200bps. Се користи Kantronics 9612+ TNC и GM350 со GP антена. Beacons се праќаат на секој 30 минути со излезна моќност од 25W. Наредните денови едниот дигипитер ке биде поставен на врвот на Водно и ќе работи под знакот Z35NET. Истиот од Водно преку безжичен линк ќе биде поврзан на интернет по што и на глобалната APRS мрежа и на Igate, додека пак другиот APRS TNC ќе работи од самиот град исто така поврзан на интернет. TNC уредите, радиостаниците, Wi-Fi уредите и интернет линкот се обезбеден од страна на Z31MA и Z32EA, и истите ќе бидат достапни за користење на членовите на РСМ. Во скоро време ќе биде пуштен и UHF APRS кој ќе работи со брзина од 9600bps.

Благодарност до Z32TE кој активно беше вклучен во процесот на тестирање на системот.

На изборното  Собрание одржано на 20.11.2016 со почеток во 10 часот во просториите на АМСМ во Скопје  беше избран новиот претседател и органите кои ќе го раководат сојузот во следните 4 години. На собранието приствуваа 25 делегати од 13 радио клубови и 2 листи на индивидуални членови.

После изборот на телата кои ќе раководат со Собранието и верификационата комисија која беше задолжена за спроведување на изборот обраќање и излагање имаше поранешниот претседател Звонко Стаменков кој го изнесе се досега сработеното и го презентираше финансискиот план.

До РСМ беа пристигнати две кандидатури и тоа од Жарко Колевски и Миле Кокотов. Пред да започне претставувањето на кандидатите за претседател беше соопштено дека кандидатот Жарко Колевски ја повлекува својата кандидатура,  така што обраќање имаше  само кандидатот Миле Кокотов.

После изнесувањето на својата програма Миле Кокотов едногласно беше избран за претседател на РСМ. После тоа следеше избор и на Извршен и Надзорен Одбор.

Новото раководство на РСМ го сочинуваат

Претседател: Миле Кокотов (Z33T)

Извршен одбор: Димитар Поповски (Z32EA), Златко Андонов (Z30A), Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев (Z33RW), Тодор Тодоровски (Z31RM), Доне Кочоски (Z32KF) и Звонко Стаменков (Z35W)

Надзор одбор: Љубиша Спасоски (Z34BTR), Дејан Вукановиќ (Z31CW), Јованчо Јовановски (Z32TE).