Радиоаматерски Сојуз на Македонија

Активности од странство на членови на РСМ

Непал – 9N: Во 1989 год. Слободан – YU5CP (Z31C) е во состав на Македонската Хималајска Експедиција задолжен за радиоврските.

Сенегал – 6W: Хране – YU5AD (Z32A) и Драган - YU5AU (Z32AU) се активни во 1991 год.

Албанија – ZA: Владо – Z32KV (Z35M) е активен во 1994 и 1995 како и од 2002 до 2007 год.,  додека Венцо – Z36W и Крсте – Z35X беа активни во 2003 год.

Јужна Африка – ZS: подолг период е активен Владо, Z31FU (Z35C) од каде реализира DX-педиции во соседните земји Намибија – V5 Мозамбик – C9 и Замбија – 9J.

Тунис – 3V: Хране – Z32A, Моме – Z32ZM, Драган – Z32AU, Зоран – Z33F и Момо – Z31MM.

Од острови во Пацификот во етерот се огласени:  Хране – Z32A, Моме – Z32ZM, Драган – Z32AU, и Владо – Z35C.

Од Карибите и Централна Америка: Хране – Z32A и Драган – Z32AU.

Турција – TA: членови на Радио Клуб „Никола Тесла“ од Штип, како и Моме – Z32ZM.

Австралија – VK: Тодор – Z31RM, Звонко – Z35W и Слободан – Z31C.

САД: Владо – Z35C и Драган – Z32XX.

Германија – DL: Ацо -Z36T и Аврам - Z32TF.

Русија – UA: Хране – Z32A, Драган – Z32AU и Владо - Z35М.

Црна Гора – 40: Ѓорѓи – Z33A, Златко – Z30A и Венци – Z39Z.

Австрија – ОЕ: Владо – Z35M

Унгарија – HA: членови на Радио Клуб „Никола Тесла“ од Штип

Босна и Херцеговина – E7: Крсте – Z35X.

Србија – YU: Моме - Z32ZM