СОТА програмата во Македонија ја промовираше Владо - Z35M и до пред некој ден беше водечки и во активирање на македонските планински врвови и како ловец на СОТА експедиции. Од пред некој ден најмногу поени во оваа програма од Македонија има Z35F - Благој Љатев од Гевгелија. Благој стана вистински заљубеник во оваа дисциплина и секојдневно ги лови радиоаматерите кои активираат планински врвови низ светот. Тој за само неколку месеци успеа да освои 1806 поени со одработени 375 активатори и да се пробие на прво место, на второ место е  Z35M - Владo со освоени 1740 поени и 395 активатори. Во категоријата активатори Z35M е без конкуренција со 51 активирање на планински врвови во државата.
Во 2002 година Хране Z32A/YT1AD ја организираше неговата најголема експедиција на островот Baker од каде што дотогаш се немаше огласено ниту еден радиоаматер. Поучен од искуствата стекнати на претходните експедиции овојпат ништо не беше препуштено на случајот од техника до тим на прекалени радиоаматери. Експедицијата заврши со феноменален резултат - 95.127 врски беше бројка која што не беше достижна за ниту една дх-педиција претходно. За оваа експедиција еден од учесниците Сречко Морич - YU1DX, напиша мала книга а снимени се и неколку видео материјали. Во интернационалниот тим од Македонија учестуваа Хране Милошевиќ - Z32A/YT1AD, Моме Димовски - Z32ZM и Владо Карамитров - Z35C/ZS6MG.

z32zm  clarion hotelМоме Димовски од Куманово е еден од најпознатите радиоаматери во Македонија. Во изминатите години беше активен од повеќе DXCC земји и беше учесник на мега дх - експедициите што ги организираше Хране Милошевиќ - Z32A /YT1AD.

Повеќе...

WPX RTTY е втор по популарност и масовност натпревар во дигитални технологии и дефинитивно им лежи на нашите натпреварувачи. Оваа година во МУЛТИ 2 категорија македонци има на првите 2 места во светот. За да се најде на топ листата Златко Андонов - Z30A патуваше 25 часови до познатата натпреварувачка локација на Ранко Боца - 4O3A во Црна Гора, додека штипјани традиционално ја искористија нивната одлична локација на аеродромот Сушево во близина на Штип. Интересно е дека постоечкиот европски рекорд кој беше во сопственост на штипјани и двете првопласирани екипи во оваа тешка и технички многу захтевна категорија го соборија (внимавајте) - штипјани за 31 % додека екс ју тимот во Црна Гора за дури 57 %. За оние што се заинтересирани можат да го видат деталниот преглед на резултатите во пдф фајлот.
Attachments:
FileОписFile size
Download this file (WPX_RTTY_Article_2010.pdf)WPX_RTTY_Article_2010.pdf 313 Kb

На 11.08 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше  кусо активирање од Самоилова Тврдина.
За период од еден час остварени се вкупно 30 радиоврски на кусобрановите опсези 20м и 30м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Повеќе...